Македонец тешко повреден во туристички објект во Истра

Педесет и седум годишен државјанин на Северна Македонија е тешко повреден во Рабац во Хрватска ноќта од недела кон понеделник, 29 септември, околу 1:30 часот по полноќ. Инцидентот се случил во туристички објект, соопшти Полициската управа на Истра.
На повредениот му е укажана медицинска помош во Општата болница во Пула, каде му се констатирани тешки телесни повреди, поради што е задржан на понатамошно лекување.
Полициските службеници преземаат сите потребни мерки и дејствија за да ги утврдат сите околности на овој настан и да расветлат како е повреден мажот, пренесуваат хрватски медиуми.