Македонец предводел банда во Германија: Користел 18 лажни идентитети


Македонски државјанин предводел петчлена банда што „оперирала“ по Германија. Уапсени се во трговски центар во Дортмунд, по што полицајците откриле дека водачот на криминалната група имал 18 лажни идентитети.

Арамиите им паднале во очи на инспекторите кога оставиле кофер во аголот од трговскиот центар. Веднаш потоа украле гардероба и чевли во вредност од илјада евра и ги ставиле во подготвениот кофер.

Но, полицајците веќе ги чекале крадците на излезот од објектот. Потоа било истражено дека три дена претходно слична акција реализирале и во Минстер.

„Додека биле во полициски притвор, откриени се нови детали. Најстариот од групата на петмината мажи (од 21 до 53 години) – Македонецот, користел 19 различни идентитети, од кои само еден вистински. Кај себе имал возачка дозвола издадена во Швајцарија, како и фалсификувана лична карта. По апсењето, Македонецот е пренесен во затвор во Падерборн, од каде ќе биде депортиран во Македонија. Другите ќе бидат пуштени“, пишуваат регионалните медиуми.