Македонците со бугарски пасош повторно се појавија во изборните списоци во Бугарија
Жителите на Северна Македонија кои имаат и бугарско државјанство,повторно се на избирачките списоци за денешното парламентарно гласање, јави „Медијапул“. Според медиумот ова е најочигледно во Благоевград, каде за локалните избори во 2019 година имало 65.000 со право на глас, а на овие избори се регистрирани над 91.000.
-Разликата од 26.000 гласачи укажува дека тековниот процес на дерегистрација на
жителите на Северна Македонија со бугарски
државјанства е запрен. Само неколкумина доаѓаат во Бугарија да го искористат своето право на глас, пишува „Медиапул“.
Медиумот потсетува дека се отворени шест избирачки места кај нас, односно две повеќе од гласањето на 4 април, кога гласале околу 500 луѓе.