„Мајкрософт“ веќе нема да обезбедува техничка поддршка за „Експлорер“ по 27 години
САД – „Мајкрософт“ по 27 години ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на пребарувачот „Интернет експлорер 11“, од денеска – 15 јуни.
„Експлорер“ првпат се појави 1995 година како дел од „Виндоус 95“. Тоа некогаш беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95 отсто удел на пазарот. Но, неговата употреба е значително намалена со лансирањето на „Фајрфокс“ (2004), „Гугл хром“ (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како Андроид и иОС кои не поддржуваат „Интернет експлорер“.
Во 2016., Мајкрософт престана да го развива „Експлорер“ на сметка на својот нов прелистувач, „Еџ“.
Компанијата објави пред повеќе од една година дека прелистувачот ќе биде отстранет од повеќето верзии на „Виндоус 10“ и „11“, објавени од минатата година.