Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка

Мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејсиниот син.
Таа е скршена од болка и од неизвесност. Заминува дома да чека информации за синот, затоа што нема смисла повеќе да чека пред скопските болници.
Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на Андреј.
Информацијата која се прошири дека Андреј е добр и е во штипската болница, се покажаа неточни, откако се покажа дека се работи за друго момче со тоа име.
Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот.
-Не знаеме ништо хаос е точни е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа сè останато не е точно, изјави Спасоски .
Тој не можеше дакаже во каква состојба се другите членови на бендот.
-Не знаеме ништо, во хаос сме, кратко одговори тој.
Во пожарот кој вчера избувна во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани.
Според првичните информации, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот.
На социјалните мрежи кружат и снимки од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.
По социјалните мрежи кружат и фотографии од објектот и во нив се наведува дека толку стар објект не требало да биде користен како дискотека.
Пожарот избувнал околу 3 часот, на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо на излезот.