Мајка во Русија скокнала со двата сина од 19-ти кат


Во рускиот град Москва, мајка држејќи ги двата сина скокнала од 19-ти кат.

Таа скокнала од нејзиниот прозорец, заедно со нејзиното новородено бебе и нејзиниот син во рацете, убивајќи ги и двете деца, вели полицијата, пренесува Мирор.

Олга Жаркова (34) и нејзините два сина, на возраст од три години и еден месец, починале при падот од станот на 19-тиот кат во Москва. Отворена е истрага за убиство. Постојат сомнежи дека мајката на две деца страдала од депресија.

Жаркова, сопруга на руски воен офицер, наводно напишала белешка во која вели дека не сакала да ги остави своите деца во овој „тежок, мрачен свет“ и ги држела децата во своите раце додека паѓала.