Мајка го оставила неподвижниот син без грижа и нега


Вчера во во СВР Охрид било пријавено дека 39-годишна охриѓанка во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.

– Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство а на лицето му е дадена соодветна помош. Против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во меѓувреме од Министерството за труд и социјална политика информираа дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом.