Магла на планинските премини Маврово-Стража-Пресека и Ѓавато


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планиските премини
Маврово – Стража – Пресека и Ѓавато.

Од АМСМ потсетуваат дека е задолжително поседување на земска опрема без оглед на временската состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.