Лутник исмејуван во Давос, шефицата на ЕЦБ нагло си замина од вечерата
Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, беше исмејуван на вечера на Светскиот економски форум, објави Фајненшл тајмс.
На вечерата што ја организираше Лари Финк, раководител на инвестициската фирма БлекРок, острите коментари на Лутник беа дочекани со големо неодобрување од другите гости, кои почнаа отворено да се потсмеваат и да се подби9ваат на негова сметка, до тој степен што некои гости ја напуштија вечерата, објавува Ројтерс.
Според „Волстрит џурнал“, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, нагло ја напушти вечерата, додека Лутник ја критикуваше Европа, што ја влоши веќе напнатата атмосфера.
Хауард Лутник е секретар за трговија на САД и поранешен долгогодишен раководител на инвестициската банка Кантор Фицџералд, долгогодишен пријател на Доналд Трамп кој ја поддржува републиканската визија за враќање на работните места во производствениот сектор на земјата и усвојувањето на криптовалутите.
Тој е силен застапник на царините, особено насочени кон Кина. Тој ја поддржа идејата на Трамп за анексија на Канада, како и царините на Трамп, за кои тврдеше дека се само одговор на тоа како другите земји се однесуваат кон САД во трговијата.