Лукашенко се сретнал во затвор со уапсените опозиционери
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска се состана со поранешниот претседателски кандидат Виктор Бабарико и другите уапсени претставници на опозицијата за да разговараат за уставните реформи.
„Уставот не може да се пишува на улиците“, рекол Лукашенко на средбата.
Тасс го цитира Лукашенко во изјавата дека четири и пол часа разговарал во истражниот затвор со претставници на белоруската опозиција.
Белоруската агенција Белта јави дека целта на белорускиот претседател била да го слушне мислењето на сите и дека сите учесници се договориле да не објавуваат детали од разговорите.