Локален економски развој во фокусот на средбата меѓу СКСЗМ и СДСМ


Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе одржи средба со политичката партија СДСМ, во рамки на традиционалните консултации со политичките субјекти.

Средбата, како што велат од СКСЗМ, има за цел да ја претстави Платформата за локален економски развој на Комората и да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата пред политичките чинители.

Предвидени се изјави за медиуми од в.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Аљиу и од претседателот на СДСМ, Венко Филипче.