Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија.
Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што посетата ќе ја заврши со присуство на фестивалот „Вкуси го Југот“ во Гевгелија.
– Во рамки на посетата министерот ќе оствари средби и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија. Посетата ќе заврши со присуство на фестивалот „Вкуси го Југот“ во Гевгелија. Изјава за медиумите е предвидена во Гевгелија, во Старата чаршија, стои во соопштението.