Љупчо Николовски позитивен на Ковид-19
Вицепремиерот во Владата, Љупчо Николовски денес објави дека е позитивен на Ковид-19.
Имено, тој го сподели ова на својот фејсбук профил, каде посочи дека има лесна клиничка слика.
„Поради лесни симптоми направив Ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме“, објави Николовски на својот фејсбук профил.