Ливерпул најде замена за Салах


По девет сезони минати на Енфилд во Ливерпул, Мохамед Салах на крајот од сезоната заминува, а во клубот веќе најавуваат дека е најдена замената во името на 19-годишниот Јан Диоманде од РБ Лајпциг. Играчот на бундеслигашот има одлична сезона и на тој начин ги оправда 20-те милиони евра, кои неговиот клуб ги плати последниот летен преоден рок на шпанската екипа Леганес од Шпанија.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сега има многу поголема вредност и Лајпциг би можел да заработи и до 80 милиони евра. Диоманде е прва мета на екипата од Ливерпул изјави германскиот новинар Флориан Плетенберг.

„Конкретни разговори има, но сè уште не е постигнат официјален договор, ниту пак клубовите се во преговори. Од Лајпциг сакаат да му ја зголемат платата, а интерес за играчот имало и од европскиот првак ПСЖ“.

Диоманде сезонава на 32 натпревара има постигнато 13 голови и осум асистенции.

Салах за Ливерпул досега одигра 439 натпревари со 257 голови и 122 асистенции и има освоени две титули шампион на Англија, како и неколку индивидуални награди во Премиер лигата.