Литванија воведува вонредна состојба на границата со Белорусија

Владата на Литванија одобри воведување на вонредна состојба во регионите кои се граничат со Белорусија.
„Одлуката е донесена со оглед на влошувањето на ситуацијата во пограничните региони, поради што е доставена во парламентот за одобрување“, изјави литванската премиерка Ингрида Симоните, а пренесува руската агенција Тас.
Според преглогот на литванското министерство за внатрешни работи, вонредната состојба ќе стапи на сима на полноќ на 10 ноември во пограничните подрачја во внатрешноста до пет километри од тоа подрачје, како и на местата за сместување на мигранитите од африканските и азиските земји кои влегоа во Литванија преку Белорусија.
Предложено е овој режим да трае еден месец.