Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир


 МВР соопшти дека е лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир.

А.Д.(23) пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. 

-На 30.03.2025 околу 08.00 во  часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов” во населба Чаир,  од возило „ауди а3″ во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух. Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото. Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.  По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.