Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници


Фото: Б. Грданоски

 Полицијата вчера во Скопје од слобода ги лишила скопјаните З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик. Додека, полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик.

Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.