Лишен од слобода агентот што прадаваше ист стан на повеќе купувачи


Агентот за недвижности, кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама.

Лицето, според информациите на МИА, е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое отвори предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.