„Лидл“ влегува во Македонија?
„Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нашите извори кажуваат дека подготовките на ‘Лидл’ веќе се влезени во сериозна фаза“, пишува месечниот магазин. Сепак, како што додаваат, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата.
„Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија“, одговориле од „Лидл“ на прашањето на „InStore“ за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.
Според изворите на „InStore“ , „Лидл“ ќе стартува со една продавница, односно објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.
„Лидл“ во соседна Србија е присутен од 2018 година и до сега има вкупно 41 објект. Во Хрватска работи од 2006 година. Трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи, пишува „InStore“.