„Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар. Еве ја точната локација


Малопродажниот синџир „Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар во Општина Аеродром во Скопје, во непосредна близина на ТЦ „Лиса“ и црквата Света Софија.

Утре во 11 часот ќе биде поставен камен темелник за идниот маркет.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршниот претставник на Лидл, Милена Драгиска-Денчева.

Инаку, во Скопје, „Лидл“ е во завршна фаза со маркетот кај што беше некогашен „Бриколаж“, на површина 16.000 метри квадратни, а инвестицијата беше проценета на 14 милиони евра во изградба на маркет.

Инаку, како што беше најавувано, маркети на „Лидл“ ќе има и во Куманово, Кавадарци, Битола, Гази Баба, Тетово, Кичево, Велес, Штип, Струмица, Гостивар, Охрид.

Во близина на Куманово, компанијата гради и логистички центар во вредност од 80 милиони евра. Центарот се протега на површина од 63.000 квадратни метри и ќе таму работата над 150 лица.