Лидерите од Западен Балкан идната недела на средба во Скопје со О’Брајан и Коп

Премиерот Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија. Состанокот ќе се одржи идниот понеделник во Скопје.
На средбата се поканети Еди Рама, премиер на Албанија, Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Албин Курти, премиер на Косово, Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.
На средбата ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан.
Дополнително, поканети се и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зapaден балкан- 6, УСАИД, како и на повеќе меѓународни финансиски институции. На настанот ќе бидат потпишани протоколите за „Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан“.