„Личностите се интересни, во негативен смисол“: Сиљановска за помилувањата што ги даде


 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во изјава за ТВ21 денеска рече дека контроверзните помилувања што ги даде биле за „личности интересни во негативна смисла на зборот“.

По предлог на нејзината Комисија за помилување таа или им ги намали затворските казни или ги одреди во условни наместо во ефективни затворски казни на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Равманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“. Таа додаде дека и не ги знаела имињата на оние што ги помилувала. овие помилувања редизвикаа големи реакции во јавноста.

„Кога ја конституирав комисијата за помилување, која е составена од врвни експерти во оваа област и познавач,и реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Значи, вие го анализирате делото, пред сѐ. Да бидам искрена, јас не ги знам ни имињата. Кога ги потпишав овие одлуки се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица, некоја тепачка, и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки, меѓутоа јас никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата. Точно е дека го имам последниот збор, но мора да се има ова предвид“, рече Сиљановска.

Професорот Гордан Калајџиев, кој е член на Комисијата за помилување во изјава за Канал 5 рече дека тие може да предлагаат но конечниот збор го има претседателот на државата – тој одлучува кого и како ќе помилува. Според некои новински извештаи, Министерството за правда, кој е орган кој во почетната фаза се изјаснува за барањата за помилувања, било против.

Членот на Комисијата за помилување, професорот Гордан Калајџиев, 

Калајџиев во друга изјава за „24Инфо“ потврдува дека за лицата доставени од Министерството за правда, за кои требало да се одлучи да им се намали затворската казна, било разгледувано само стореното дело.  Тој вели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу 30-тина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна.

Калајџиев вели дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење.

Изјавата на Калајџиев следува откако денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека при потпишувањето на помилувањата не сакала да се меша во работата на Комисијата, за која рече дека е составена од експерти кои се врвни во нивната област.

На ова Калајџиев вели дека претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува казната.