Левица со кандидати за градоначалници во пет скопски општини


Фото: Б. Грданоски

 

Поранешниот декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при УКИМ во Скопје проф. д-р Јане Ацевски е кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од Левица. Адвокатот Александар Димитриевиќ е кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров; актуелниот директор на КИЦ-Скопје, Антонио Димитров, е кандидат за градоначалник на општина Карпош. Кандидат за градоначалник на општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер, а економистот Маријан Димитриев е кандидат за градоначалник на општина Аеродром. 

Кандидатите за градоначалници на скопските општини денеска на прес-конференција ги соопшти Круме Богевски, портпарол на кампањата за претстојните локални избори 2025.

„ По долги анализи од Президиумот на Левица, како највисок орган на партијата, кандидираме личности со висок професиоанален кредибилитет и добро познати на јавноста, кои се подготвени за предизвикот да ги водат скопските општини“, рече Богевски. 

Ова е вториот бран кандидати за градоначалници од Левица, кои најавуваат дека наскоро ќе објават и други имиња на кандидати.

За Град Скопје, Левица веќе го промовира пратеникот Амар Мециновиќ.