Левица поднесе кривична против пратеникот Велјановски


Политичката партија Левица поднесе кривична пријава за Александар Велјановски од ДПМНЕ за кривично дело несовесно работење во службата.

-Причината е тоа што насилникот Велјановски го прекрши Деловникот на Собранието и го прекрши уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа. Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ – велат од партијата.

Од Левица додаваат дека тогаш поднеле 2.673 амандмани, а Велјановски, кој е претседател на Законодавно-правната комисија имал обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев.

-И покрај тоа што со новиот Деловник, практично е невозможно да се блокираат штетните закони од коалицијата на власт, насилникот Велјановски одлучи да го ускрати дури и правото на пратениците од опозицијата да го искажат своето мислење и образложат амандманите. Очекуваме институциите да се одважат по оваа пријава, затоа што во спротивно, ова би било поддршка за насилничкото носење на закони од власта, без никаква политичка или институционална контрола – се додава во соопштението.