Левица поднесе кривична пријава против директорот на „Македонија пат“ што уби мечка, а уште седи на функцијата

„Иако јавноста бурно реагираше после објавените фотографии на заменик-директорот од ДПМНЕ, скандалозно е што истиот сѐ уште не е разрешен од неговата функција. Иако и премиерот Мицкоски изјави дека не верува во верзијата која Сашо Дранго ја пласираше во јавноста, сепак пријавениот и понатаму врши јавна функција, со очигледно нарушен кредибилитет и углед во јавноста. Додека новата влада постојано ветува дека никој не смее да биде над законот, очигледно тоа не важи за кадрите на ДПМНЕ кои гордо се сликаат при флагрантно вршење на кривично дело.
Левица ја повикува Владата што поскоро да го разреши пријавениот од функцијата заменик-директор на „Македонија пат”, наместо да го штити неговото дивеење. Дополнително, иако два месеци се изминати од кривичниот настан, јавноста нема никаква информација дали ОЈО-Битола поднело обвинителен акт против лицето Сашо Дранго. Сето ова укажува дека власта на Мицкоски сака да го забошоти овој случај и нивниот партиски кадар воопшто да не одговора. Левица будно ќе го следи овој случај со цел правосудните органи, под влијание на власта, да не се обидат да го заштитат заменик-директорот Дранго, кој дефакто е фатен во вршење кривично дело“, се наведува во соопштението на партијата Левица.