Левица објави уште 10 кандидати за градоначалници

Партијата Левица денес објави уште 10 кандидати за градоначалници.
Тоа се: Гевгелија – Тони Аврамов; Куманово – Мирослав Петковиќ; Македонски Брод – Марјан Ѓурчески; Крушево – Зоран Јаневски; Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска; Илинден – Мартин Маринковски; Пехчево – Невенка Тренчевска; Берово – Мирче Кировски; Ранковце – Иван Нешевски; и Старо Нагоричане – Андреј Димитриевски.
Левица вели дека нејзините кандидати ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.