Левица: Николоски го обвинуваше „Стентон градба“ за криминали со СДСМ, сега му доделува тендери


 

Министерството за транспорт, предводено од Александар Николоски, минатата година во декември склучило договор со контроверзната битолска компанија „Стентон градба“ за ископ на глина од 2.300.000 евра, соопштува Левица.

Според партијата, скандалозното во овој тендер е што токму министерот Николоски додека беше во опозиција обвинуваше дека СДСМ со делење криминални тендери на оваа компанија, Битола го има претворено во „СтентонГрад“. И Додава:

„Лицемерието на оваа власт најдобро е олицетворено што токму пред еден месец, владејачката ВМРО–ДПМНЕ на прес-конференција го повика Јавното обвинителство да поведе истрага за тендерите кои ги добивала „Стентон градба“. Како што тврди владејачката партија, оваа компанија била во топ 10 фирми по добиени тендери за време на владеењето на СДСМ.

Левица прашува дали јавното обвинителсто не ја испитува тендер-шемата со „Стентон градба” затоа што министри во актуелната влада делат тендери од 2 милиони евра на оваа контроверзна компанија.