Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари
Кавадарчани и лозарите од Тиквешијата вистински ќе уживаат во Гроздоберот дури тогаш кога ќе добијат вистинска социјална благосостојба, сигурен пласман и достоинствена цена, а не кога пред секоја сезона ќе се тресат во неизвесност од откупот! Она што некогаш беше автентична манифестација на лозарите, оддавање почит на нивната пот и деноноќна работа, денес е претворено во евтина манифестација на медиокритетот, кичот и енормниот профит за приватни џебови, се наведува во соопштението на Левица.
Oд Левица посочуваат дека додека лозарот се бори за секој денар, за настапи на странски и домашни изведувачи на „Тиквешки Гроздобер 2026“ се издвојуваат баснословни суми:
Жељко Самарџиќ: 1.537.500,00 денари (плус 170.816,25 денари персонален данок)!
Пеџа Јовановиќ: 1.414.500,00 денари (плус 157.150,95 денари персонален данок)!
Де Вито: 1.291.500,00 денари (плус 143.485,65 денари персонален данок)!
Џејла Рамовиќ: 885.600,00 денари (плус 98.390,16 денари персонален данок)!
Од друга страна, како што нагласуваат државата директно го создаде и одржува проблемот со недоволниот и хаотичен откуп на грозјето, односно, нема државен откупен центар кој ќе ја диригира и стабилизира цената и откупот; нема државна дестилерија која ќе го преработи и спаси неоткупеното грозје; не е укината 8% кражба од лозарите доколку грозјето им се исплаќа во готово.