Левица го испрати Џафери од Собранието со деветта кривична пријава

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ .
-Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за „Бехтел и Енка“ (Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичко планирање + Законот за градење + Законот за експропријација + Законот за работни односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри. ..
Ја известуваме македонската јавнос дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија, стои во соопштението на Левица.