Левица беше во Кукуш и на едно дрво положи цвеќе за Делчев

Делегација на Левица предводена од лидерот Димитар Апасиев, вчера, 3 февруари, била во Кукуш каде положила цвеќе на местото каде што претпоставуваат дека била родната куќа на Гоце Делчев. Според она што е објавено на Фејсбук профилот на партијата делегацијата ставила една слика во рамка на Делчев на едно дрво и покрај неа положија мал букет. Не е јасно дали врамената слика си ја зеле назад или ја оставиле.
„И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себеси“, напишаа од партијата на Фејсбук профилот.