Левица бара на бремените жени автоматски да им се продолжува договорот за работа


„Уште еден немил пример за системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство – трудница го изгубила бебето во 27 недела поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа. Жена – професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во болницата во Струга, добила отказ со непродолжување на договор за работа, штом кажала дека е бремена”, се наведува во соопштението од Левица.

Од партијата ќе поднесат предлог според кој „доколку станува збор за трудница, по автоматизам се обновува договорот за вработување, сè додека има право да ги користи правата кои се стекнуваат со бременоста”.

Од Левица ги повикуваат Трудовиот инспекторат и Министерство за економија и труд да постапат ригоризно кон работодавачот, а во заштита на жената – работничка.