Левица бара да се ревидираат предметите за директорот на АНБ, Бојан Христовски
Денес падна една „недопирлива“. Утре ќе паднат и други, велат од Левица
Левица реагира на оставката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска, пораќивајќи дека не се работи за личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија.
-Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже. По оставката на Ристовска бараме да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка, незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски и поврзаноста на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка.
Но ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ без исклучок. Секој функционер што мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов.
Ги охрабруваме сите чесни службеници, вработени во институциите и граѓани кои располагаат со информации за корупција, злоупотреби и клиентелизам, да продолжат да ни ги доставуваат. Левица ќе ги штити изворите и ќе ја изнесе вистината во јавноста бескомпромисно. Денес падна една „недопирлива“.Утре ќе паднат и други, велат од Левица.