Ленче Ристоска го “доби“ Мијалков, не доби унапредување
Од поранешните обвинители во СЈО, унапредување не доби и обвинителот, Љубомир Лапе, а конкурирал за обвинител и за во Вишото јавно обвинителство и за во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Во Вишото обвинителство не беше избран ниту обвинителот од скопското обвинителство, Дарко Јакимовски кој го води предметот за големата несраќа кај Ласкарци и го застапуваше обвинението за обидот за убиствот на пратеникот Зијадин Села на 27 април.
Додека овие обвинители извисија, во Обвинителството за организиран криминал преминуваат Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, обвинителот кој заедно со Ристоска го водеше предметот за масовното прислушување, и Артан Ајро, поранешни обвинители во СЈО. Обвинителката Фатиме Фетаи не доби поддршка за во организиран криминал, но унапредена е во Вишото јавно обвинителство.