Лекот „фостер“ од 20 јули ќе чини 280 денари


Фото: Б. Грданоски

Лекот за болни од астма и хронична опструктивна белодробна болест со генеричко име беклометазон форматерол или со фабричко име „фостер“ до крајот на овој месец ќе биде достапен за осигурениците за 280 денари.

Како што најави денеска, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, „фостер“ нема да се  доплаќа 800 денари, а и цената ќе му биде намалена од досегашната, од 300 на 280 денари.

Тој рече дека по поплаките на граѓаните за цените на лековите, по воведување на вториот лек „блоцета“ на позитивната листа, кој е конкуренција на „фостер“, се намалила референтната цена на лекот, а разликата до пазарната цена, граѓаните го плаќаат како доплата.

-Тоа предизвика привремено зголемување на трошкот за граѓаните заради разликата меѓу референтна и пазарна цена на лекот. Но, граѓаните наскоро ќе можат да го користат без доплата. Овие две-три недели сме во активна комуникација со производителот на „фостер“, кој ја прифати новата референтна цена и по завршување на моменталните залихи кои се продаваат по старата цена, после 20-ти јули до први август лекот ќе биде достапен без доплата и ќе биде со пониска партиципација – нема да биде 300 денари, туку ќе биде 280 денари, изјави Клековски.