Лекарската комора поддржува донесување посебен закон за лекарите


Лекарската комора како професионална асоцијација на докторите активно е вклучена во подготовките на текстот на новиот закон за лекарска дејност кој во моментов е поставен на Единствениот национален електронски регистар на правила ЕНЕР и со тоа на одреден начин е почната јавна расправа по него.

Како Лекарска комора го поддржувме донесувањето на посебен закон за лекарите за кој се залагаме без малку три децении и веруваме дека низ зацртаната процедура ќе се подобрат дел од предложените решенија, пред се во одредбите за плати и за дополнителна дејност.

Во текот на минатата недела Комората, согласно дадените можности на ЕНЕР-от, и официјално веќе даде свои забелешки и предлози за подобрување на понудените решенија околу правото за дополнителна дејност, на одредбите за платите и некои други одредби.

Доставени комнетари на ЛКМ за вреднување на докторската дејност со следната соджина :

“Вреднувањето на докторската дејност како високо специјализирана дејност од исклучително значење за поединците и општеството, во мрежата на здравствена дејност се определува согласно должината на образованието, специјалистичкото односно супспецијалстичкото усовршување и континуирана едукација во смисла на обновување на лиценцата за работа, со основна нето плата.

Основната нето плата се утврдува така што просечната плата во републиката се множи коефициент 2,5 за општи доктори, со коефициент 2,7 за доктори специјализанти, со коефициент 3,5 за доктори специјалисти и коефициент 3,8 за доктори супспецијалисти.

Вреднување на докторската дејност при утврдување на платата на докторите во ПЗЗ се определува фиксен дел и дел по основ накапитација”

Коментар за дополнителната дејност со седна содржина :

“Се бара да има либерализација на дополнителната дејност по хоризонтала и вертикала. Дополнителанат дејност да се обавува во јавна и во приватна здравствена установа. Се предлага да се има контролен механизам – Тело каде ќе се утврдуваат точните критериуми за обавување на дополнителна дејност (критериумите, времето кое треба да го помине како специјалист од одредена област и други услови да бидат регулирани со подзаконски акт) да бидат одредени од секоја специјалност посебно. Цените на услугите да се определуваат спрема пазарот. Времето да се усогласи со одредбите од Законот за работни односи.”

Имајќи ја предвид досегашната соработка со оние кои работат на овој законски проект, веруваме дека во наредниот период ќе се конципираат подобри и посоодветни решенија за лекарската професија и за системот во целина. Констатацијата дека со предложените одредби новите решенија имаат за цел прекумерно давање моќ на Лекарската комора на Република Северна Македонија, како и некои други заблешки околу целиот прокет, во нтрес на докторската професија и нејзиното достоинство во овој момент не би ги коментирале. Делувањето на Комората е во интрес на докторската професија и подобрување на статусот на лекарите во општеството.

Како професионлна асоцијација, Комората е изненадена и јавно прашува зошто Самостојниот синдикат на Клинички центар не реагира со своите забелешки и коментари на предложените одредби преку ЕНЕР-от и надвор од воспоставената поцедура и бира токму во овој момент да се огласи со соопштение иако текстот на законскиот прокет е поставен на ЕНЕР уште пред безмалку три недели.