Лажен сервисер за ПП апарати во Гостивар заработи кривична
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Р.(70) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и ,,фалсификување на исправа“.
Во март 2025 година во угостителски објект во Гостивар, пријавениот се претставил лажно како сервисер од правно лице и за сервисирање земал противпожарен апарат и го вратил со достава на фалсификуван сервисен картон, што било констатирано на 03.04.2025 при извршена контрола од Дирекцијата за заштита и спасување.