Лавицата Јулија: Која е сопругата на отруениот Навални, жесток критичар на Путин?


Да не е со цврст карактер, Јулија Навалnи, дипломирана економистка, тешко би ги поднела 19-те апсења на својот сопруг од 2011 година кога за прв пат е осуден на 15-дневна затворска казна поради бунт кон државната власт до ланскиот август кога е притворен заради незаконски протести. Лани во притворот доби алергија, но се сомневаше на труење. Пред три години, напаѓач пред неговата канцеларија во Москва му фрли во лице зелена течност која се користи како дезинфицијенс, поради која делумно му страдаше едното око.

Кога Алексеј и Јулија се запознаа во 1999 година во Турција, тоа беше љубов на прв поглед. Се вечаа една година подоцна, а таа не можеше да претпостави каков живот ја чека со згодниот адвокат и бизнисмен кој стана познат во руската јаност во 2008 година како оснивач на политичкиот блог „LiveJournal”. Откако пред 11 години стана политички активен, сопругата го следеше на сите протести и му помагаше. Добија ќерка Дарија (19) студентка на Стенфорд и син Захар (12) кој посетува државно училиште, а живеат во трособен стан.

Во 2018 година Навални сакаше да се кандидира за руски претседател. Но истата година е осуден на пет години затвор за проневера. Казната подоцна му е преиначена во условна но заради пресудата не можеше веќе да се кандидира.

-Сопругата му е убава и одличен оратор, секогаш покрај него, велат нивните пријатели.

Навални, долгогодишен противник на претседателот Владимир Путин, на барање на неговата сопруга и сојузниците се лечи во Берлин за да може да добие третман за сомнително труење по што падна во кома 36 часа.

Токму сопругата на Навални апелираше директно до Владимир Путин да дозволи евакуација. Медицински авион, овластен од германска невладина организација, чекаше на аеродромот во Омск уште од рано во петокот наутро да го однесе во берлинската болница „Шарите“.

Навални, жесток критичар на Путин, кој е во кома и на респиратор одеднаш се разболе на авионски лет во четвртокот.