Лансиран огромен сателит што може да ги засени сите ѕвезди и планети ноќе


Приватните вселенски компании како да се натпреваруваат кој повеќе сателити ќе испрати во орбитата на нашата планета. Меѓу нив посебно се истакнува „Спејс икс“ на Елон Маск, со низата сателити Старлинк, кои на крајот треба да формираат синџир околу планетата од неколку десетици илјади објекти, од кои секој тежи по 260 кг.

Во саботата пак, беше лансиран сателитот „Блувокер 3“, кој е толку голем што на ноќното небо ќе биде најсветол, посветол од сите други небесни тела, освен од Месечината. Овој факт особено ги загрижи астрономите и љубителите на ноќното небо. Имено, новолансираните низи сателити веќе сега ги попречуваат набљудувањата од Земјата и некои радиосигнали, пишува Футуризам.

„Блувокер 34 го направи компанијата AST SpaceMobile со седиште во Тексас. Дизајниран е за тестирање мобилна технологија, меѓу кои и 4Ги 5Г технологија. Се работи за до сега најголем лансиран комерцијален комуникациски сателит, кој тежи 1.500 кг.

Компанијата планира подоцна на него да постави антена долга осум метри, односно огромен рефлектирачки објект кој ги вознемирува астрономите, за тоа што на тој начин сателитот може, при поминувањето, практично да ги засени ѕвездите и планетите на ноќното небо.

Посветол од Венера

„Загрижени сме. Тоа може да биде најсветлиот објект на ноќното небо, потенцијално посјаен од венера3, вели астрономот Џон Барентин, од компанијата „Дарк скај консалтинг“. во Аризона, пренесува Њу сајантист.

„Блубокер 3 може, во текот на праќањето податоци од орбитата на нечиј телефон, да створи проблеми на радиоастрономската опрема. Нѐ загрижува количината енергија која ќе ја емитира“, додава.

Ппланираат да лансираат поголеми сателити

Што е уште полошо, AST SpaceMobile планира во иднина да лансира повеќе од 100 сателити наречени Блубрдс, кои се двојно поголеми од Блувокер 3.

„Колку што овие објекти се посветли, тоа повеќе штета ќе нанесат на снимките на ноќното небо. Повеќето астрономи го прифаќаат фактот дека во иднина ќе има сѐ повеќе сателити. Она што сакаат е миран соживот. Секако сателитите не можат да станат невидливи“, вели Барентин.

„Блувокер 3“ во вселената го прати компанијата Спејс икс на својата ракета „фалкон 9“. Сателитот е лансиран во саботата навечер од платформата на Вселенскиот центар „Џон Кенеди“ на НАСА на Флорида.