Кушнер во дводневна посета на Косово


Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Косово и поранешен шеф на УНМИК Бернар Кушнер денеска и утре ќе го посети Косово, соопшти синоќа француската амбасада во Приштина.

Кушнер ќе има средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

На 12 јуни на свечена седница ќе се обрати и во Собранието на Косово. Најавена е и неговата посета на Грачаница и средба со епископот Рашко-Призренски Теодосије. Кушнер беше на чело на УНМИК од 1999 до 2001 година. Тој е поранешен министер за надворешни работи на Франција.