Кумановка нападнала полициски службеник
Кумановка нападнала полициски службеник, соопшти денеска СВР Куманово.
Во соопштението на полицијата се наведува дека 35 годишната М. Ж., вчера во 17: 30 часот физички нападнала полициски службеник во полициската станица од општа надлежност во Куманово.
Од СВР Куманово наведуваат дека М.Ж. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.