Кумановец загина на патот Битола – Ресен, со мотор излетал од коловозот


Илустрација

Вчера во 16.32 часот во СВР  Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола – Ресен се случила сообраќајна несреќа, во животот го загуби 40-годишниот Д.С. од Куманово откако со својот мотор „кавасаки“ изгубил контропола и излетал од патот

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.