Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа се заканувал на директорка на Центарот за социјални работи

Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа се заканувал на директорка на Центарот за социјални работи, информираше денеска СВР Куманово.

Настанот се случил вчера, а во полицијата пријавил вработен во маркет на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“  кој кажал дека  непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.

По преземени мерки Ф. Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.

Во меѓувреме, било пријавено дека, после разбојничката кражба во маркетот, Ф. Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот. По целосно документирање на случаите, кумановската полиција ќе поднесе соодветен поднесок против Ф. Н.