Куче каснало жена, откако сопственичката го пуштила без надзор и маска – 35-годишна кратовчанка ќе одговара кривично


35-годишна кратовчанка доби кривична пријава бидејќи го пуштила нејзиното куче без надзор и маска, кое подоцна каснало жена.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кратово поднело кривична пријава против Џ.М.(35) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. 

На 12.10.2026 на улицата „Глигор Пазавански“ во Кратово, пријавената го пуштила нејзиното куче без надзор и маска, кое подоцна ја каснало М.К..