Крвната група открива кои болести ви се закануваат
Постојат осум крвни групи, а исклучително е важно да знаете која е вашата. Тоа може да ви го спаси животот и да помогне да се спречат некои состојби и здравствени проблеми.
Многу е важно да ја знаете вашата крвна група, особено во итни ситуации, па затоа е добро да ја имате некаде запишано. Постојат четири главни крвни групи: A, B, O и AB, а ги има вкупно осум, кога се брои Rh факторот (A+, A-, B+, B-, O+, O-, AB+ или AB-). Експертите веруваат дека вашата крвна група открива на кои болести сте повеќе склони.
Срцева болест
Добрата вест за луѓето со крвна група 0 е што ризикот им е низок, ако им се верува на истражувањата, поради што се смета дека оваа крвна група живее најдолго. Експертите не ја знаат причината, но постои мислење дека е можно другите крвни групи да се поврзани со повисоко ниво на холестерол и протеини кои се поврзани со формирање на згрутчување на крвта.
Рак на желудник
Крвните групи А, АБ и Б се поподложни на оваа болест од групата 0. Ова особено важи за групата А, каде што е најчеста. Истражувачите мислат дека можеби станува збор за инфекција со H. pylori, бактерија која се јавува почесто во групата А. Оваа бактерија често се наоѓа во желудникот и може да предизвика воспаление и чиреви.
Рак на панкреасот
Ако сте од групата А, АБ или Б, имате поголем ризик за развој на оваа болест. Молекулите во крвните групи А и Б им помагаат на бактеријата H. pylori да расте и да се развие во цревата, што го зголемува ризикот од болести.
Стресот
Стресот го зголемува нивото на кортизол во крвта. Луѓето со крвна група А имаат и покачен кортизол, па се повеќе склони кон стрес.
Меморија
Една мала студија покажа дека луѓето со крвна група АБ имаат најмногу проблеми со меморијата.
Чир
Чир на желудникот е многу болен и непријатен, а почесто ги погодува луѓето со крвна група 0.
Згрутчување на крвта
Венската тромбоза е формирање на згрутчување во длабоките вени. Истражувањата покажуваат дека луѓето со А, Б или АБ група имаат поголеми шанси да им се случи овој проблем.
Плодност
Едно истражување покажа дека жените со крвна група 0 имаат поголема веројатност да имаат намален број на здрави јајца, но тоа е далеку од докажано.
Дијабетес
Дијабетес тип 2 почесто се јавува кај луѓе со крвни групи А и Б, а експертите не се сигурни зошто и сметаат дека се потребни повеќе истражувања.
Мозочен удар
Ризикот од мозочен удар се зголемува ако имате крвна група АБ. Лекарите сметаат дека ова се должи на подложноста на развој на згрутчување на крвта.