Крвава пресметка во Дојран
Еден избоден со нож, а друг повреден е билансот од масовна тепачка пред хотел во Стар Дојран, што се случила во раните утрински часови во средата.
Имено, полицијата соопшти дека пријавено е оти во периодот од 2.10 до 3 часот, пред хотел во Стар Дојран, дошло до физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, а бил употребен и нож.
З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди и им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија.
Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица. Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.