Крмов: Сиљановска го спомна Кочани, но не и кој ја толерирал системската корупција
Пратеникот Борислав Крмов од левица реагираше на говорот на претседателката Гордана Сиљановска во Собранието оценувајќи дека во најголем дел бил исполнет со празни изрази и без скоро никаква конкретизација околу ситуацијата и предизвиците со кои што се соочува оваа држава.
„Од најинтересните моменти издвојуваме:
-Повторно ни ги објаснуваше нејзините ингеренции небаре институцијата претседател прв пат ја воведуваме.
-Па се правдаше за нејзината „работа“, посебно околу зачестените посети на училишни приредби и доделување признанија.
-За трагедијата во Кочани, иако се спомна „системска толеранција на корупцијата“, сепак не дознавме кој тоа толерирал корупција веќе година ипол!?
-Ама од друга страна бар една третина од говорот беше гола апологија на владините политики, иако тоа секако не е нејзина работа.
-Финиширавме со (ПРЕ)општи заклучоци колку е битно владеењето на правото, силната економија, енергетската независност, чистата и здрава еколошка средина и сл. Иако и тука еве на пример околу чистата и здрава еколошка средина интересно како не беше спомената алармантната ситуација со екстремно загадениот воздух и одговорноста за таа ситуација со која се соочуваме деновиве“, коментираше Крмов.