Кривична пријава против две лица, најпрво го нападнале со нож, потоа со возило удриле во брат му и мајка му


Кривична пријава СВР Тетово поднесе против две лица Ј.Ј.(20) и А.Р.(30), двајцата од Тетово за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Минатиот месец на 25.06, пријавените физички го нападнале А.Ш.(19), а потоа првопријавениот со нож му нанел повреда, додека второпријавениот, при обид да го напушти местото, со возилото удрил во неговиот брат Б.Ш и во неговата мајка.