Кристалина Георгиева: Светот нема доволна регулаторна и етичка рамка за справување со вештачката интелигенција


Државите во светот немаат доволно развиена регулаторна и етичка рамка за да се справат со брзото навлегување на вештачката интелигенција, изјави синоќа директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа повика граѓанските организации „да го кренат алармот“ поради недостигот на соодветни механизми за контрола и надзор.

Според Георгиева, технолошката револуција што ја поттикнува вештачката интелигенција е предводена од развиените економии, пред сè од САД, што создава сè поголем јаз со земјите во развој, кои тешко ќе можат да го достигнат нивото на технолошки напредок.

– Најголемиот недостиг е во регулативите и етичките стандарди, рече Георгиева пред претставници на граѓанското општество за време на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон.