„Креативност во работа со деца“ – нов прирачник за родителите
Во издание на ТРИ овие денови беше објавен практичен прирачник за воспитување на децата преку негување на нивната имагинација.
Авторките Софија Георгиевска, Фросина Денкова Зафировска и Виолета Арнаудова создадоа водич што ќе им помогне на родителите, професионалците и наставниците да станат сојузници во детското истражување, во играта и изразувањето. Во време кога алгоритмите го диктираат темпото на учење, креативноста станува повеќе од алатка. Таа е пат кон развој на флексибилно, емпатично и критичко размислување.
Ваквите практични водичи се највредни кога доаѓаат од домашни автори. Тие ги познаваат контекстот, културата и начинот на кој размислуваат децата и родителите. Користејќи ги овие сознанија, како и своето професионално искуство, овие авторки со богато портфолио навистина создадоа значајна книга што е наменета за секој кој работи со деца.
„Креативност во работа со деца“ преку интересни примери ќе им покаже како да го поттикнат љубопитниот дух кај децата, да им ги развијат емоционалната интелигенција и когнитивните способности за да изградат самодоверба и автентичност и да ги подготват младите за светот во кој ќе биде потребно да се изразат.
Овој исклучителен водич за сите кои веруваат во детската имагинација и сакаат да им помогнат на младите да ги отворат нејзините врати, е достапен во сите книжарници на ТРИ и онлајн на kniga.mk.