Креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри на Стоби

На археолошкиот локалитет Стоби овие денови повторно оживува духот на античкиот свет. Под водство на м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследство, се реализираат креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри и оружје. Како што информираат во „Хаемус“, центарот за научни истражувања и промоција на културата, работилниците се дел од поширокиот концепт на „Оживеана историја“ чија цел е да се внесе нов живот во практиките од минатото и да се изгради мост меѓу науката, образованието и јавноста.
„Во процесот активно се вклучени и археологот Иван Илиќ од Србија, како и Дамјан Серафимовски од Музејот на Град Скопје. На овој начин, Стоби прераснува во отворена сцена каде историјата не само што се изучува, туку се доживува и чувствува. Дел од реконструираните елементи ќе бидат интегрирани во едукативните програми на „Storytelling Macedonia“, преку кои наследството се доближува до современата публика со наративна интерпретација, практични активности и директно искуство“, велат од „Хаемус“.